- ЗA НАС -
„Гранд – Експорт“ е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата. Јасната визија да се воспоставуваат нови стандарди во продажно – дистрибутивното деловно работење и тие постојано да се надградуваат, ја прави препознатлива компанијата веќе 25 години.
„Гранд – експорт“ е ексклузивен застапник и дистрибутер за македонскиот пазар на познати и големи регионални, европски и меѓународни компании од прехранбената индустрија.
Компанијата има развиена организациона структура со повеќе од 70 вработени и современи процеси на генерирање вредности кои овозможуваат ефикасно, ефективно и проактивно деловно работење.
Развиена е широка продажна мрежа, поддржана од целосна инфраструктурна логистика.
Дел од компаниските основни средства во целосна сопственост на компанијата, се и три стратешки регионални дистрибутивни центри, два во Скопје и еден во Битола. Тие се целосно оперативни, опремени и поддржани од развиена продажна флота со цел да обезбедат целосна покриеност на пазарот на целата територија на Република Македонија.
- ИНВЕСТИЦИИ -
„Гранд – експорт“ инвестираше 6,5 милиони евра за изградба на нова фабрика за кроасани во Македонија. Во индустриската зона Марино изградена е „Grand Foods Corporation“, најголемата и технолошки најсовремената фабрика за производство на кроасани во Југоисточна Европа. Производствената палета опфаќа 11 видови кроасани со уникатни вкусови. Комбинација на европски рецептури и аромите на македонското поднебје.
- МИСИЈА -
Создадовме најсигурна, ефикасна и ефективна продажно – дистрибутивна компанија на македонскиот пазар и балканот.
Нашата мисија се состои во создавање водечки продажно – дистрибутивни солуции на пазарот постојано исполнувајќи ги потребите на нашите клиенти.
Ние константно ги подобруваме процесите на генерирање вредности насочени кон создавање долгорочни односи на лојалност со нашите добавувачи, клиенти и потрошувачи преку:
   • одржлив раст;
   • максимизација на профити, пазарни удели и компетитивни предности за добавувачите;
   • понуда на најдобро вреднувано продуктно портфолио за потрошувачите.
Основните премиси во исполнувањето на нашата мисија се проактивен, етичен и општествено одговорен начин на деловно работење.